Силен земјотрес ја потресе Кина
Најмалку 29 лица се повредни, а земјотресот бил со интензитет од 5,9 степени по Рихтер.
Како што соопштува американскиот Геолошки завод (USGS), епицентарот на земјотресот бил во провинцијата Јунан, на длабочина од 10 км а се осетил и на северот на Мјанмар.
Голем број на луѓе излегле од зградите на отворен простор, а многмина од нив напишале на социјалната мрежа Sina Veibo дека земјотресот траел шест до осум секунди.
Надлежните испратиле припадници од полицијата во градот Качанг, кој е многу близу до епицентарот на земјотресот, а пратени се и спасувачки екипи поради проценки на сосотојбата.
USGS наведе дека земјотресот бил „многу силен“ и дека се очекува да има штети.
Југозападна Кина е тресно подрачје, каде во мај 2008 земјотрес со интензитет од осум степени по Рихтеровата скала ја погоди провинцијата Сечуан, како и делови од провинциите Шанси и Гансу, усмртувајќи десетина илјади лица и нанесуавјќи огромни материјални штети.
