Силен земјотрес ја погоди Русија
Земјотрес ја стресе Русија.
Потрес со јачина од 5,2 степени е регистриран во близина на јужните Курили во руската област Сахалин.
Епицентарот бил во Тихиот Океан, а засега нема информации за причинети материјални штети. ЕМСЦ објави дека се работи за послаб земјотрес со јачина од 4,9 степени.
Силен земјотрес имаше и на Филипините. Во земјотресот со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала што вчера ги погоди Филипините, повредени се најмалку 26 лица, а причинета е голема материјална штета.
Слично
