Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес го погоди Токио

Силен земјотрес го погоди Токио

Силен земјотрес од 5,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди Јапонија во реонот на главниот град Токио. Властите соопштиле првично предупредување за цунами, но по неколку минути го повлекоа предупредувањето.

Епицентарот на потресот бил во провинцијата Сајтама, северно од главниот град, со длабочина од 50 километри под земјината површина.

Според првичните податоци, метрото е во целосен прекин, но некои од линиите на возовите исто така имаат прекин на своите релации.

Во првичните информации нема сознанија за жртви или материјална штета.

Истовремено Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) го даде своето мислење дека јапонските власти и компанијата „ТЕПКО“ пројавиле неодговорност, делумна причина за хаваријата во нуклеарната централа „Фукушима-1“, во големиот земјотрес и цунами во 2011 година, пренесоа агенциите.

„АЕЦ има голем број слабости, кои не биле спроведени на потребниот начин, иако МААЕ го препорачува тоа“, се наведува во извештајот на организацијата.

Слично

Поврзани вести