Економија, финансии, бизнис

Контакт

Силен земјотрес ги избрка туристите од хотелите

Силен земјотрес ги избрка туристите од хотелите

Земјотресот со јачина од 5,5 степени го погоди островот Бали во Индонезија. 

Потресот исплаши и стотици странски туристи во хотелите. 

Островот е атракција и  туристички центар за љубители на морето од целиот свет. Нема податоци за физички повредени и сериозни штети, но според очевидци, цитирани од ТАСС, многу од гостите заминувале во паника од  хотелите. Според информација на Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот е на 12 километри северно од градот Денпасар. Земјотресот бил на длабочина од 142 километри. 

Утрово земјотреси имало во Грција, Италија, Јонско море, и Турција. 

Слично

Поврзани вести