Сијарто објасни зошто Унгарија нема да поддржи санкции против Русија
Унгарија нема да ги поддржи новите санкции против Русија.
Будимпешта ги поддржа првите пет пакети санкции, но властите велат дека загрозувањето на енергетската безбедност на Унгарија претставува „црвена линија“.
„Унгарија нема да ги поддржи санкциите на Европската комисија против Русија бидејќи тие се проблематични за нив и не нудат никакво решение“, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
Сијарто вели дека сегашниот предлог за санкции претставува „нуклеарна бомба“ која би ја загрозила енергетската безбедност и, ако биде усвоена, ќе ја спречи Унгарија да испорачува сурова нафта. Со тоа Унгарија би трпела економски штети. Откако Русија ја почна војната во Украина на 24 февруари, против неа и нејзиниот поддржувач Белорусија, САД и ЕУ воведоа повеќе сетови на санкции.
