Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сигурен сум дека ова е реално, вели Зеленски откако потпиша барање за членство во ЕУ

Сигурен сум дека ова е реално, вели Зеленски откако потпиша барање за членство во ЕУ

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска на социјалните мрежи објави фотографии од потпишувањето на барањето за членство на Украина во ЕУ.

„Денеска потпишав барање за членство на Украина во Европската Унија. Сигурен сум дека ова е реално“, објави Зеленски. 

Претходно денеска Зеленски ја повика ЕУ веднаш да го одобри членството на Украина.

„Нашата цел е да бидеме заедно со сите Европејци и што е најважно да бидеме еднакви. Сигурен сум дека тоа е фер. Сигурен сум дека тоа е можно“, рече Зеленски.

Русија пред 4 дена ја нападна Украина, а денеска почнаа преговори со цел да се најде решение. Русија „заработи“ санкции, а Украина ќе добие помош во оружје. 

Рускиот претседател Владимир Путин му кажал на францускиот претседател Емануел Макрон дека има три услови за ставање крај на војната. 

Слично

Поврзани вести