Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сигнал за бомба во Брисел пред едноминутниот молк за жртвите од Париз

Сигнал за бомба во Брисел пред едноминутниот молк за жртвите од Париз

Сигнал за бомба е добиен во реонот на институциите на ЕУ во Брисел. Целосно беше блокирано движењето од полиција. Се прецизира дека станува збор за „сомнителен автомобил со француска регистрација“, соопштија светските агенции.

Сигналот за бомба беше добиен непосредно пред Европскиот парламент да одржи едноминутно молчење во спомен на загинатите во терористичките напади во Париз.

Цела Европа жали денес за жртвите од нападот.

Во заедничката декларација на лидерите на земјите членки се вели дека Европа ќе се соочи со заканата со сите потребни средства и одлучност и дека „доброто е посилно од злото“.

Слично

Поврзани вести