Сиера Леоне ги затвори границите со Либерија и Гвинеја заради ебола
Војската на Сиера Леоне целосно ги затвори границите со Либерија и Гвинеја за да го запре ширењето на вирусот на ебола, објави портпаролот на војската на Сиера Леоне.
Истиот извор тврди дека трупи се упатени на сите гранични премини.
Вирусот на ебола досега усмрти повеќе од 2.800 луѓе во трите земји откако за првпат се појави во Гвинеја на почетокот на годинава.
Слично
