Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИБИР ГОРИ: Беснеат над 220 шумски пожари

СИБИР ГОРИ: Беснеат над 220 шумски пожари

Гори во Сибир. Во овој дел од Русија активни се повеќе од 220 шумски пожари. Во Јакутија од 1 јули на сила е вонредна состојба, како регион во кој пожарите се исклучително чести. 

Низ целиот руски регион Јакутија, има пожари на површина од 2.400 хектари, соопшти денеска руското Министерство за вонредни ситуации.  Два авиони од типот „Бе-200“ учествуваат во гаснење на пожарите. Досега искористени се околу 30 тони вода. Во акција за извидување и гаснење беа вклучени и хеликоптерите „Ми-8“ на Министерството за вонредни ситуации, како и повеќе од 2.000 луѓе. 

Слично

Поврзани вести