Си платиле за да ги вакцинираат со вода и да земат ковид сертификати
Клиника во Малезија наместо со вакцини против коронавирусот, за пари вакцинирала луѓе со дестилирана вода.
На пациентите им дале лажен сертификат за вакцинација. Полицијата се сомнева дека повеќе од 1.200 луѓе кои биле на таа клиника всушност не се вакцинирани. Од 23 лица кои досега ги испраша полицијата, признаа дека не ја примиле вакцината против ковид. Пациентите, наводно, платиле до 600 рингити (143 долари) за услугата. Малезија целосно имунизираше 80 отсто од населението.
Во светот имаше многу примери каде луѓето се обидуваат да ги изиграат ковид мерките, со цел да добијат ковид сертификат. Имаше луѓе кои се вакцинираа во име на други лица, имаше случаи на вакцинирање со физиолошки раствор и слично.foto freepik.com
Слично
