Економија, финансии, бизнис

Контакт

СИ ОДАТ ОД ЕУ БЕЗ ДОГОВОР: Британците ги отфрлија сите договори

СИ ОДАТ ОД ЕУ БЕЗ ДОГОВОР: Британците ги отфрлија сите договори

Британските пратеници ги отфрлија вечерва сите четири алтернативни опции за Брегзит, кој западна во ќорсокак, откако планот на Тереза Меј доживеа неуспех. Тоа практично значи дека Британија ја напушта Европската унија без договор на 12 април.

Ги отфрлиле сите четири опции, меѓу кои била и царинската унија која беше во согласност на норвешките односи со ЕУ и нов референдум за членство во ЕУ.

Опозициските Лабуристи гласаа за три предлози, но владејачките Демократски унионисти од Северна Ирска не поддржале ниту еден.

На Конзервативците им беше оставено да одлучат сами како ќе гласаат, без партиска наредба.

-Членовите на Парламентот мора да донесат важни одлуки, но една работа е јасно: мораме да ја напуштиме Европската унија на уреден начин. Секако дека Брегзит без договор би било лоша опција и за британската економија и за ЕУ, но и останување во царинската унија или прифаќање на единствениот пазар би значело дека се доведени во сомнение некои од ветувањата дадени на општи избори.

Најдобриот пат напред е да се поддржи пристапот на Тереза Меј-порачал Мајкл Гов, министер за животна средина на Велика Британија.

„Се обидуваме да постигнеме компромис, но она што премиерот треба да го знае е дека компромисот значи нешто да се даде и нешто да се добие. Одржувањето на заедничкиот пазар, што е една од опциите, не е во согласност со нашата политика, но е подобро од договорот на Тереза Меј , и секако подобро од никаков договор“, потенцирал Емили Торнебери, министерка за надворешни работи во сенка.

Пораката од Брисел е недвосмислена - време е британскиот парламент да се изјасни.

„Имавме многу трпеливост со нашите британски пријатели, но тоа е надвор од прашањето. Би сакал да го видам договорот во Велика Британија во следните часови, деновите за тоа како да се движиме напред. До денес знаевме на што се противи парламентот, но сѐ уште не знаеме за што би гласал. Топката е во британскиот двор“, рече Жан-Клод Јункер, претседател на Европската комисија.

Ниту едно од гласањето во парламентот не е правно обврзувачко, што значи дека владата ќе има задача да одлучи дали ќе ги примени одлуките на пратениците.

Слично

Поврзани вести