Шверцот на мигранти поскапува, колку е цената?
Европската полициска служба (Европол) добила разузнавачки податоци кои покажуваат променливи тенденции во трговијата со мигранти.
Во последните шест месеци се собрани информации за речиси седум илјади наводни шверцери на мигранти, од кои повеќето се мажи на просечна возраст од 35 години. Податоците покажуваат пад на шверцерите од Сирија, Ирак, и зголемувањето на бројот на оние кои се од Пакистан и суб-сахарска Африка. Европол има информации за зголемување на цените за пренесување во Европа. Досега мигрантите плаќаа меѓу две и пет илјади евра за да бидат транспортирани до саканата дестинација. Сега сепак мигрантите плаќаат по три илјади евра, само за да достигнат до влезната точка на Унијата. Една од причините за поскапувањето на тарифата е поврзана со времетраењето на патувањето, што во овој момент може да потрае и до неколку месеци, информираат од Европол. Според информациите за 2016 година, 5% од мигрантите изјавиле дека би требало да работат напорно, за да можат да се вратат со шверцерите.
