Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шверцер удави 50 мигранти од кои повеќето тинејџери

Шверцер удави 50 мигранти од кои повеќето тинејџери

Хорор во Сомалија откако шверцер на мигранти ги принудил да скокнат од бродот со кој ги превезувал при што половина од нив или околу 50 млади луѓе се удавиле. 

Агенцијата на ОН наведува дека тој инцидент е шокантен и нехуман, а во соопштението се прецизира дека за време на рутинската контрола на плажата во Шабва, биле затекнати 29 мигранти кои седеле на плажата.

Криумчарот исфрлил повеќе од 120 мигранти во морето додека се приближувале кон јеменското крајбрежје. За 27-те преживеани мигранти обезбедена е помош, останатите си заминале, додека за 22 мигранти се уште не се знае што се случило.

Просечната возраст на мигрантите била 16 години.

Оваа година досега 55.000 мигранти го напуштиле Африканскиот рог, а повеќе од половина се малолетни.


Слично

Поврзани вести