Шведското здравство колабира, земјата бара помош од соседите
Шведското здравство колабира, поради што земјата бара помош од соседите.
Поради недостиг на медицински капацитети, помош понудија соседните Финска и Норвешка. Стокхолм уште треба официјално да побара помош, за да можат фински и норвешки лекари да помогнат. Засега 99 отсто од креветите се полни. Здравствените власти во Стокхолм досега ги ангажираа сите расположливи лекари, но и воени сили, за да се изборат со епидемијата, пренесе „Фајненшл тајмс“.
При првиот и вториот бран на коронавирус, Шведска имаше поголем број заразени од Норвешка и Финска.
Во Шведска повеќе од 7.500 луѓе починаа од коронавирусот.
Слично
