Дали Шведска ќе отвори повторна истрага за Асанж
Шведското обвинителство ќе објави дали ќе ја продолжи истрагата за основачот на
Викиликс, Џулијан Асанж. Тој беше
обвинет за сексуален напад во
оваа земја.
Во моментов, Асанж е во британски затвор. Основачот на Викиликс седум години живееше во амбасадата на Еквадор во Лондон.
Тој се криеше таму за да ја избегне екстрадицијата во Шведска за обвинувањата што ги покренаа две жени.
САД, исто така, ја бараат екстрадицијата на Асанж и го обвинуваат за заговор за откривање на доверливи информации, казниви со пет години затвор.
Слично
