Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШВЕДСКИОТ МИКРОБИОЛОГ ВИСЕЛ ТВРДИ: Граѓаните кои ќе немаат потреба од хоспитализација повеќе нема да бидат тестирани за ковид

ШВЕДСКИОТ МИКРОБИОЛОГ ВИСЕЛ ТВРДИ: Граѓаните кои ќе немаат потреба од хоспитализација повеќе нема да бидат тестирани за ковид

Шведскиот микробиолог Карин Тегмарк Висел од Институтот за јавно здравје на Шведска веќе потврди дека со укинувањето на епидемиолошките мерки во земјата што ќе се случи од среда, повеќе нема да се прават ниту масовни тестирања, односно нема да биде тестиран секој еден што има симтоми на ковид, а чија состојба не бара хоспитализација.

Висел смета дека Пведска троши премногу пари за тестирањата за ковид, а тие пари според неа да се насочат многу подобро.

-Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани. Масовното тестирање на сите луѓе со Ковид-19 би чинело околу 50 милиони евра неделно, или 200 милиони евра месечно. Во моментов, половина од сите тестови се позитивни. Социјалните ресурси треба да се користат таму каде што носат најмногу придобивки. Ако сеопфатното тестирање би придонело за подобра контрола на инфекцијата, тогаш тоа би се исплатело, но денес имаме други системи за следење. Од среда, граѓаните со симптоми на Ковид-19 за чија состојба не е потребна хоспитализација генерално повеќе нема да се тестираат во системот на јавното здравство, но капацитетите целосно ќе се пренасочат кон тестирање на персоналот и пациентите од болничкиот систем и системот за нега на стари лица и ранливи, вели таа.

Шведска во среда ќе ги укине сите епидемиолошки мерки, кои во некоја форма се во сила од почетокот на пандемијата во март 2020 година, а една од промените е прекин на опсежното тестирање за коронавирус.

ФОТО: YouTube Printscreen

Слично

Поврзани вести