Шведска воведува 6-часовен работен ден
Во Шведска воведуваат 6-часовен работен ден во речиси сите претпријатија во целата земја.
Тие преминуваат кон стандарден 6-часовен работен ден, за да се подобри балансот помеѓу работата и приватниот живот на вработените, пишува ирскиот весник Irish Independent.
Осумчасовен работен ден е стандардна практика во бизнисот во целиот свет, откако Хенри Форд прв експериментирал со него за работниците во фабрика.
Но Шведска ја оспорува оваа општо прифатена практика во прогресивен тек, која воведува 6-часовен работен ден.
Во април 2014 година властите во шведскиот град Гетеборг најавија дека вработените во администрација ќе работат помалку часови експериментално. Целта беше подобрување на рамнотежата помеѓу работата и приватниот живот, зголемување на продуктивноста и на крајот се намалуваат трошоците.
Досега експериментот е прогласен за успешен. Компании низ целата земја го следеа текот на Гетеборг и веќе ја имаат воведено промената. Неколку сервисни центри на Toyota во Гетеборг се префрлија на 6-часовен работен ден пред 13 години. Раководството известува дека по промената на вработените во компанијата се посреќни. До денес работниот ден во Нордиската држава беше 8 часа.
