Шведска црква ќе „бомбардира“ со библии територии на Исламска држава во Ирак
Основната шведска Евангелистичката црква „Збор на животот“ се подготвува да користи беспилотни летала, со кои ќе дистрибуира илјади Библии во областите во Ирак, кои се под контрола на Исламската држава (ИД), соопшти Ројтерс.
Црквата Ливетс Орд ( „Збор на животот“) од Упсала има намера да шири не хартиени верзии на светото писание, туку ќе ја пушта библијата на електронските медиуми.
„Библиите се со големина на кутии за апчиња и имаат дисплеј. На нив не им треба електрична енергија, работат автономно“, рече Кристијан Екерхиелм, директор на мисијата на црквата, пред шведската телевизија SVT.
„Нашата амбиција е да ја рашириме надежта и љубовта на христијанското евангелие меѓу населението кое живее во блокирани области каде се негираат човековите права“, рече во својата страница на интернет „Збор на животот“. Од црквата прецизираат дека самата операција во регионот на Ирак ќе биде извршена од друга организација, но не е споменато точно која. Самото ширење на Библијата ќе започне за неколку недели.
