Шведска со налог за апсење на Асанж - Ќе му суди за силување
Шведска не се откажува од случајот на сексуално злосторство на Џулијан Асанж и апелациониот суд ја одби неговата жалба за повлекување на обвинението со што налогот за негово апсење повторно е активиран.
Во Шведска се води истрага од 2010 откако една жена сведочеше дека иако имала доброволен сексуален однос со Асанж тој намерно го скинал кондомот со цел да ја забремени или барем да ејакулира во неа. Токму за ваквото поведени Шведското обвнителство упорно се обидува да го приведе Асанж кој треба да сведочи.

Тој, пак се плаши дека ова е заговор на Американскиот стејт департмент со цел тој да биде екстрадиран во САД каде му се заканува смртна казна за шпионажа и протекување на доверливи информации кои довеле до загрозување на безбедноста на службеници, агенти и војници.
