Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведска со најмалку, а Бугарија и Литванија со најмногу сиромашни во ЕУ

Шведска со најмалку, а Бугарија и Литванија со најмногу сиромашни во ЕУ
Шведска и Луксембург, имаат најмал број сериозно сиромашни граѓани во рамки на целата ЕУ, а Литванија и Бугарија најмногу, покажуваат податоците на Еуростат. Нешто повеќе од 1 % од луѓето што живеат во Шведска, според дефиницијата на ЕУ, се сериозно сиромашни, во споредба со ЕУ-просекот од 9 %. Литванија и Бугарија според Еуростат имаат најголем дел сиромашни - 31 односно 44 %, додека трета по ред сиромашна членка на ЕУ е Романија. Бројот на сиромашни луѓе во Шведска е константен во последните години, а во земјите кои се под влијание на економската криза, сиромаштијата се продлабочува, меѓу другото во Грција, Италија, Бугарија и балтичките земји
Слично

Поврзани вести