Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведска се соочува со недостиг од станови

Шведска се соочува со недостиг од станови

Изградба на нови 700.000 домови за период од десет години.

Ова е едно од ветувањата на шведскиот премиер, Стефан Лев кој се обидува да го ублажи недостигот на станови, пишува Ројтерс. Со децении градежништвото во Шведска заостанува зад темпото на раст на населението. Над 80% од општините во земјата се жалат на недостиг на станови, а нивниот број се зголемил за 30% во однос на минатата година, покажуваат податоците на Националниот совет за домување.

Ова може да биде Ахилова петица на една од најбрзорастечките економии во Европа. Недостигот на станови придонесува за двоцифрен раст во проценти на цените на недвижностите во Шведска.

Во последната година цените на куќите во Стокхолм скокнаа со 12%, а за наоѓање на општинско живеалиште пак се чека околу 10 години.

Шведска инвестирала сериозно во станови во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, кога беа изградени 1,7 милиони нови домови. Од почетокот на 90-тите години, сепак градежништвото е во застој. За периодот од 2010 до 2015 година се изградени 158 549 нови домови, додека населението на земјата е зголемено за 435 447 лица.

Слично

Поврзани вести