Шведска очекува над 150 000 бегалци оваа година
Шведска очекува на нејзината територија оваа година да пристигнат повеќе од 150 000 бегалци, баратели на азил. Ова го изјавил премиерот Стефан Лофвен, според кого недостаток на места за престој може да ја принуди земјата да ги сместува во шатори.
„Она што се случува сега, е една од најголемите хуманитарни операции во шведската историја“, изјавил Лофвен, цитиран од новинските агенции.
„Нема индикации дека бројот на луѓето ќе опадне во блиска иднина и ако тој продолжи со истото темпо како сега, се очекува над 150 000 лица, баратели на азил, да дојдат во Шведска во оваа година“, додал тој.
Во почетокот на овој месец имигрантите во земјата достигнаа до предвидената цел за оваа година број од 74 000 луѓе. Според шведската Агенција за миграција во последните седум дена има поднесено 8900 молби за азил.
