Шведска нема да го забрани палењето на Куранот
Шведска не планира да го забрани палењето на Куранот.
Премиерот Улф Кристерсон изјави дека неговата земја не планира, како Данска, да го забрани палењето на Куранот.
„Секоја земја изложена на акутни закани го бира својот начин да се носи со нив. Многу го почитувам она што Данска во моментов го прави“, кажа Кристерсон, а пренесува шведскиот јавен сервис СВТ.
Додаде дека владата на Шведска сепак е со став дека не треба да го следи примерот на Данска.
„Промената би барала уставен амандман, така што тоа не е најсоодветно за Шведска“, рече Кристерсон.
Данската влада информираше дека планира да го забрани палењето на Куранот, откако повеќето сквернавења на светата книга на исламот предизвикаа незадоволство во муслиманските земји. Поради палењето на Куранот во Данска и Шведска годинава имаше протести во некои мнозински муслимански земји, а двете држави потоа ги засилија мерките за безбедност.
Екстремнодесничарскиот холандски политичар и водач на антимуслиманска група ПЕГИДА, Едвин Вагенсвелд годинава го кинеше и газеше Куранот.Инаку, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров се закани дека после Украина, ќе извршат инвазија на земјите каде луѓето го палеа Куранот.
foto EPA
