Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведска ќе депортира 80 000 имигранти

Шведска ќе депортира 80 000 имигранти

Шведските власти планираат да депортираат околу 80 000 мигранти, кои пристигнале во земјата во 2015 година и чија молба за азил била одбиена, соопшти шведскиот министер за внатрешни работи Андерс Игеман.

„Ние зборуваме за околу 60 000 лица, но оваа бројка може да се зголеми до 80 000 лица“, изјави тој, пренесуваат шведски медиуми.

Во 2015 година во Шведска, со население од 9,8 милиони луѓе, пристигнаа околу 163 000 бегалци, од кои повеќе од 35 000 се тинејџери без родители, претежно од Авганистан. Само 20% од мигрантите се со документи.

Според експертите младите кандидати за азил често лажат за возраста, за да добијат дозвола за престој.

Слично

Поврзани вести