Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведска ја призна Палестина, Израел на нозе

Шведска ја призна Палестина, Израел на нозе
Израел го повлече својот амбасадор од Шведска по одлуката на шведските власти формално да ја признаат Палестина. „Овој потег ја одразува нашата иритираност со оваа одлука која на ниту еден начин не придонесува за повторно покренување на мировните преговори“, изјави портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Емануел Нахшон. Шведската влада денеска соопшти дека ја признава палестинската држава, нешто помалку од еден месец откако го најави ваквиот чекор. Шведска, членка на Европската унија, со одлуката се приклучи на само две европски земји - Малта и Кипар, кои официјално ја признаваат Палестина. Министерката за надворешни работи на Шведска Марго Валстром изјави дека Стокхолм се одлучува на ваквиот чекор затоа што „критериумите на меѓународното право се исполнети“, односно „во Палестина постои територија, народ и влада“. Нејзиниот израелски колега Авигдор Либерман вели дека одлуката на Шведска да ја признае палестинската држава е „за жалење“ и дека само ќе ги наруши напорите за решавање на израелско-палестинскиот конфликт.
Слично

Поврзани вести