ШВЕДСКА И ГЕРМАНИЈА: Имаат развиени економии, но и една голема разлика меѓу нив!
Познати по силната економија, но и по навиките за штедење, Германците не се препуштаат лесно на плаќањето со картички, туку и натаму најчесто користат готовина.
Едно истражување покажало дека паричниците во Германија содржат двојно повеќе готовина (во просек околу 123 долари), отколку оние во Австралија, САД, Франција или Холандија.
Не се знае што точно е причината за ова, но истражувањата упатуваат на неколку можности. Една претпоставка е дека приврзаноста на Германците кон кешот е толку голема затоа што така знаат во секој момент колку пари потрошиле.
„На прв поглед во паричникот можете да видите колку пари сте потрошиле и уште колку ви останале“, вели студијата која се занимава со овој феномен. Втора можност е дека Германците сакаат анонимност на своите трошења и се борат да си ја заштитат приватноста.
Уште едно од објаснувањата може да биде и хиперинфлацијата, која се случуваше во германската финансиска историја и заради која луѓето во оваа земја се попретпазливи кога станува збор за парите.
По правило, луѓето од земји кои поминале низ банкарски кризи многу повеќе сакаат да користат готовина, отколку да ги чуваат парите на сметка во банка.
За што точно станува збор допрва треба да се утврди, но во секој случај интересно е да се види дека две развиени економии како Шведска и Германија кога станува збор за начинот на плаќање одат во сосема различни насоки. Шведска е меѓу првите земји кои речиси во целост се потпираат на безготовинското плаќање.
Слично
