Економија, финансии, бизнис

Контакт

Француските политичари во одбрана на економијата

Француските политичари во одбрана на економијата

Француските политичари застанаа во одбрана на домашната економија откако францускиот министер за труд Мишел Сапен изјави дека „Франција целосно банкротирала“.

Министерот за финансии Пјер Московиси, ги нарече таквите коментари на Сапен „неумесни“, оценувајќи дека „Франција е целосно солвентна и кредибилна земја“.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, вети дека оваа година ќе го намали дефицитот од 4,5 отсти под границите од три отсто.

Во неделното интервју за радио, Сапен на прашањето за финансиската состојба на државата рече: „Франција целосно банкротирала“.

Тој подоцна рече дека говорел за состојбата на државните финансии во минатото и оти во прашање е шега.

Слично

Поврзани вести