ШВЕДСКА-ЕКСПЛОЗИВ НА АЕРОДРОМ, НАРЕДЕНА ЕВАКУАЦИЈА: Специјални тимови на полицијата излезени на терен!
Делови од стоколмскиот аеродром Скавста во Шведска денеска се евакуирани веднаш отако во еден од куферите при безбедносна контрола се пронајдени трагови на експлозив, објавија локалните медиуми.
„Евакуиран е еден терминал, и делот каде е пронајден багажот, што делуваше негативно на доаѓањето на авионот“, изјавил полицаецот Роланд Линдквист.
Во Скавсту, околу 100 километри југозападно од Стокхлом, се наоѓа полициската единица за отргнување на експлозивни средства.
„Спорниот куфер припаѓа не една стара госпоѓа и таа во потполност соработува со нас. Изјавила дека незнае како експлозивот се нашол во нејзиниот куфер“, изјавил Линдквист.
Аеродромот Скавста е петти по големина аеродром во Шведска, на кој слетуваат само нискобуџетни компании и товарни авиони.
