Шведска е во дефлација
Во текот на февруари инфлацијата во Шведска се намали до минус 0,2 проценти. Тоа е воедно и најниското ниво по 2009 година.
Потрошувачките цени се искачија за 0,4 отсто од јануари до февруари, според шведското Централно статистичко биро. Поради тоа, инфлаторниот такт бил негативен, минус 0,2 проценти, а што значи дефлација.
Пред се станува збор за опаѓање на каматните трошоци, пониски цени на електричната енергија и намалување на цените на бела техника, фактори кои влијаат на падот на потрошувачките цени на годишно ниво. Но, од друга страна, регистриран е пораст на цените на прехранбените производи и на облеката, како и на цените за најмување станови, се наведува во соопштените за медиумите што денеска го објави СЦБ.
