Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведска е на пат да стане првото безготовинско општество во светот

Шведска е на пат да стане првото безготовинско општество во светот

Има очигледен недостиг на парични средства по улиците на Шведска. Толку се присутни дигиталните плаќања во земјата, дека секој кој се обидува да изврши трансакција со пари во шведска банка, може да предизвика сомнителен поглед или јавување во полицијата.

Така барем смета Никлас Арвидсон, професор со седиште во Стокхолм „KTH Royal Institute of Technology“.

Арвидсон кој специјализирал во индустриската економија и менаџмент, открива во свое неодамнешно истражување дека Шведска е на пат да стане првото безготовинско општество во светот.

Тој зборува за исчезнувањето на шведските банкноти и на посветеноста на земјата кон новите технологии, на растот на мобилните системи за плаќање, како и на владините напади против корупцијата, што им помага на граѓаните да се чувствуваат сигурни со електронските пари.

„Употребата на готовина тука е слаба и брзо исчезнува“, вели Арвидсон. Податоците за прометот на „Riksbank“ (централната банка на Шведска) го докажуваат неговото тврдење.

03

Многу години земјата всушност се приближува кон безготовинскиот систем. Се повеќе нешта - од автобуски билети до улични списанија, можат да се купат со дигитални трансакции. Шведската трговска федерација исто така тврди дека земјата е „светски лидер во безготовинска трговија“.

Но податоците од Европската централна банка се покажува дека Швеѓаните, иако ентузијасти во однос на банкарските картички и дигитални исплати, се уште редовно повлекуваат доста пари од банкоматите на „Riksbank“ и покажуваат дека за трансакции под 100 круни 41% од луѓето се уште преферираат да користат готовина.

А шведската национална организација на пензионерите, која претставува околу 400 000 од возрасните луѓе во земјата, вели дека 7% од нејзините членовите сеуште не користат банкарски картички.

Пречките кои се пред трансформирање на земјата во целост безготовинска држава, се големиот удел на измама, непријатност во однос на личните електронски „отпечатоци“, сигурноста, и проблемот со сместување на туристи. „The Guardian“ обајви дека безготовинско шведски музички фестивал ова лето предизвикал хаос кога платниот систем се расипал.

Самиот Арвидсон признава дека Шведска може никогаш да не стане целосно беготовинска држава. Позната сентименталност секогаш ќе биде обврзана со банкнотите на земјата, дури и ако луѓето не сакаат всушност да ги користат.

Слично

Поврзани вести