Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШВЕДСКА: Десничарите формираат влада, оставка на левичарскиот премиер

ШВЕДСКА: Десничарите формираат влада, оставка на левичарскиот премиер

Иако останува да се пребројат мал број гласови, Магдалена Андерсон рече дека резултатите покажале дека десничарскиот блок победил на парламентарните избори.

Шведската премиерка од редовите на социјалдемократите Магдалена Андерсон денеска го призна поразот на парламентарните избори одржани во неделата.

Иако останува да се пребројат мал број гласови, Андерсон рече дека резултатите покажале дека десничарскиот блок победил на изборите, јави Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

„Затоа утре ќе побарам од претседателот на парламентот да бидaм разрешена од мојата должност“, им изјави Андерсон на новинарите.

Таа нагласи дека е важно Шведска што поскоро да добие нова влада.

„Кревко мнозинство“

Воздржаните, шведските демократи, демохристијаните и либералите, според последните податоци на Изборната комисија, ќе добијат 176 места во парламентот од 349 места, додека левиот центар ќе добие 173 места.

„Тоа е тенко мнозинство, но тоа е мнозинство“, рече Андерсон.

Улф Кристерсон, лидер на Умерената партија, е десничарскиот кандидат за премиер.

„Ќе почнам да работам на формирање нова влада која може да ги заврши работите, влада за цела Шведска и сите граѓани“, изјави Кристерсон за новинарите.

Резултатот допрва треба да биде официјално потврден, веројатно до викендот.


ФОТО: ЕПА

Слично

Поврзани вести