Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шведска беше извозник на коронавирус?

Шведска беше извозник на коронавирус?

Направена е студија која тврди дека Шведска поради благите рестриктивни мерки беше извозник на коронавирус во регионот. 

Заклучокот  е дека државата презела премногу слаби мерки за да го запре ширењето на вирусот во раните фази на пандемијата, за разлика од другите скандинавски земји. 

Сепак, студијата забележува дека Шведска, како и Данска, е транзитна земја.

Финска беше навистина погодена, и покрај строгите ограничувања за патување. Научниците велат дека вирусот со себе го донеле Финци кои немале забрана за влез во Шведска.

Студијата е објавена во списанието Јуросрвејланс, а е спроведена од истражувачи од Универзитетот Упсала во Шведска, Норвешкиот институт за јавно здравје и Универзитетот Сиднеј во Австралија. Анализирани се примероци од 71.000 пациенти. 

Во Шведска повеќе од 15.000 луѓе починаа од коронавирусот.

Слично

Поврзани вести