Шведска бара еднаква распределба на бегалците во ЕУ
Шведскиот премиер Стефан Лев се залага за еднаква и фер распределба на бегалците кои се дојдени во земјите од Европската унија.
Во интервју за шведското радио во пресрет на вонредната средба на врвот за прашањата со миграцијата, тој истакнал дека треба да се воведе рамномерно распределување на бегалскиот бран.
Тој додал дека разговарал за прашањето со германската канцеларка Ангела Меркел, со која се согласиле за потребата од фер распределба.
Лев изјавил дека ја поканува Европската комисија да подготви предлог на законски измени за прашањата на бегалците.
Како пример тој го посочи поднесувањето на барањата за азил во амбасадите надвор од ЕУ. Во овој случај, шведскиот премиер изјавил дека самиот тој модел бил малку практичен.
Според статистичките податоци од ЕУ Шведска во третиот квартал на минатата година прифатила 3000 бегалци.
