Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шварценегер: Ќе ги тужам нафтените компании за убиство

Шварценегер: Ќе ги тужам нафтените компании за убиство

Популарниот американски актер Арнолд Шварценегер и поранешен гувернер на Калифорнија најави дека ќе покрене тужба против големите нафтени компании за „масовно убиство“ поради тоа што придонесуваат во загадување на животната средина и влошување на состојбата со климатските промени поради непреченото испуштање на јаглероден диоксид во атмосферата. 

„Ова прашање не се разликува од проблемот со пушењето. Тутунската индустрија знаеше со години дека пушењето убива луѓе, дека им штети на здравјето и предизвикува рак и тој факт го криеше од луѓето и го негираше. Потоа тутунските компании беа изведени пред суд и мораа да плататат стотици милиони долари оштета“ вели Шварценергер за Политико.

Како активист за спас на животната средина Шварценергер вели дека разговара со повеќе адвокатски фирми и подготвува групна тужба против најголемите нафтени компании во САД.

Секоја компанија која продава фосилно гориво мора да има јасна назнака на производот и местото на продажба дека учествува во климатските промени и дека е опасност, исто како предупредувањата за цигарите, тврди Шварценегер.


Слично

Поврзани вести