Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарците сметаат дека ЕУ е бирократско чудовиште

Швајцарците сметаат дека ЕУ е бирократско чудовиште
Швајцарците повторно одбија влез на земјата во Европскиот економски простор,  недовребата на граѓаните од оваа земја кон Европа сеуште е присутна. Тие најпрво се изјаснија на Референдумот кој се одржа на 06.12 1992 кога 50,3% од Швајцарцте одбија ратификација на договорот за влез на Швајцарија во Европскиот економски простор кој тогаш претставуваше пазар од 380 милиони потрошувачи во 12 земји. За ратификацијата требаше да гласаат дветретини од населението, но заврши без успех. Денес, 54% од испитаниците во анкета спроведена од страна на ГФС институтот од Берн сметаат дека во 1992 година била донесена добра одлука. Само 6% од Швајцарците мислам дека нивната земја треба да стане членка на ЕУ. За поголем дел од Швајцарците Европската унија претставува бирократско чудовиште кое ќе го загрози темелните врендости на швајцарската демократија. За да остане на пазарот, Швајцарија ги јакне билатерланите врски со соседите. Има потпишано 120 вакви договори што и овозможува „совршена изолација“ во центарот на Европа.
Слично

Поврзани вести