ШВАЈЦАРЦИТЕ ПРИНУДЕНИ: Им даваат дел од „гордоста“ на Канаѓаните
Швајцарскиот див во секторот на сировини, Гленкор, продава речиси половина од својот огромен агробизнис на Канадскиот пензиски фонд за 2,2 милијарди евра во кеш.
Гленкор соопшти дека ќе продаде 40 одсто од својот земјоделски бизнис огранок кој е во стопроцентна сопственост на Советот на канадскиот пензиски фонд за инвестиционо планирање (CPPIB), пренесе Франс прес.
„Приходот од трансакцијата ќе биде искористен за намалување на нето долгот на Гленкор“, соопштила компанијата, која поминува низ драматично реструктурирање како би го намалила својот многу висок долг.
Според договорот објавен денес, кој сега треба да го одобрат регулаторните тела, и кој, како што се очекува, ќе биде завршен во втората половина на годината, вкупната вредност на земјоделскиот бизнис на Гленкор изнесува 6,25 милијарди долари.
Нето долгот на Гленкор е зголемен на околу 30 милијарди долари во февруари, бидејќи цените на сировините паднале на повеќегодишен минимун а пазарите стравуваат дека високото ниво на долгот би можело да ја загрози способноста на ефикасно работење на трговското одделение на швајцарската компанија“, пренесува Ројтерс.
Акциите на Гленкор скокнаа речиси за 2,0 одсто , на 144,6 пени денес предпладне, после растот од дури 2,37 проценти во утринската трговија на Лондонската берза.
