Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарците не сакаат ни да помислат за влез во ЕУ

Швајцарците не сакаат ни да помислат за влез во ЕУ
Само 11,5 проценти од швајцарските граѓани поддржуваат членство на својата земја во ЕУ, додека пред 12 години за пристапување на земјата кон ЕУ биле околу една третина од населението, покажуваат резултатите од истражувањето објавено од весникот „Зонтагсцајтунг“.

„Лошото расположение кон ЕУ е феномен присутен низ цела Европа, кој е тесно поврзан со должничката криза“, објасни пратеничката Криста Марквалдер, претседател на Новото европско движење на Швајцарија.

Непосредно по референдумот во 1992 година, на кој Швајцарците го отфрлија членството во Унијата, швајцарската Влада со Брисел склучи специјални билатерални договори кои според весникот „Ној цирихер цајтунг“ водат кон ќорсокак. Речиси пет години Брисел не склучува ниту еден нов договор со Берн и инсистира на промена на ставот на Швајцарија во однос на институционалните прашања, односно на автоматско преземање на европското законодавство.
Слично

Поврзани вести