Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарците на референдум, ќе им ги намалуваат бонусите на најбогатите!

Швајцарците на референдум, ќе им ги намалуваат бонусите на најбогатите!

Во Швајцарција се одржува референдум за ограничување на големите премии и бонуси на менаџерите на швајцарските компании. Граѓаните треба да одговорат на прашањето „Дали банкарите и раководителите на компаниите имаат право на огромни провизии од склучени договори и бонуси“.

Ако мнозинството се изјасни позитивно, државата ќе треба да воведе мерки за ограничување на големите плати и бонуси на менаџерите, а не е исклучено дел од нив да заработат и затворски казни.

Како иницијатор на овиј референдуми е независниот пратеник од швајцарскиот Праламент, Томас Миндер, кои поседува козметичка фирма, а кампања против „алчноста на банкарите и менаџерите“  ја почна пред пет години, по избувнувањето на глобалната финансиска криза.

Анкетите покажуваат дека на денешниот рефермнедум позитивно ќе се изјаснат околу 64 проценти од Швајцарците.

Слично

Поврзани вести