Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарските банки откриваат како се перат пари

Швајцарските банки откриваат како се перат пари

Швајцарските банки се спремни на американското Министерство за правда да му откријат како им помагале на клиентите да ги сокријат парите и да избегнат плаќање на данок, пишува Блумберг.

Оваа година е потпишан договор меѓу  американското Министерство за правда и 41 швајцарска банка, со кој банките се обврзале дека ќе откријат како на клиентите им помагале во криење на пари, кои се одговорни банкари, посредници, како и како се движеле тековите на парите.

Тие информации ќе им помогнат на американските истражувачи да покренат истрага против лица и институции кои биле вклучени во перење на пари и тоа во други земји, а потенцијални мети се банки во Израел и Сингапур.

„Парите од Швајцарија одат во разни други земји“, изјавила американската истражителка Каролина Чираоло.

Првата соработка на американското правосудство со швајцарските банки започна во 2009 година, откако УБС , во рамки на нагодбите плати казна од 782 милиони долари поради помагање во избегнување на данок, а тогаш е покрената и истрага против уште 14 банки.

Слично

Поврзани вести