ШВАЈЦАРИЈА ОДЛУЧИ: Имигрантите ќе си го плаќаат престојот!
Властите на Швајцарија ги обврзаа мигрантите кои чекаат добивање на бегалски статус, да си го плаќаат својот престој на територијата на земјата. При добивање на работа од бегалците ќе им бидат задржувани средства додека не се компензираат целосно потрошените државни средства за нив.
Уште во декември минатата година и Данска најави планови за воведување на слични мерки.
Сега мигрантите во Швајцарија, кои уште не добиле статус на бегалци, се должни да им ги предадат на властите сите вредности и финансии, кои го надминуваат износот од 1.000 швајцарски франци, објави „Reuters“, повикувајќи се на локалната радиостаница „SRF“. Се смета дека овие средства треба да ги покријат трошоците за обработка на апликации на мигрантите, како и обезбедување на социјална помош.
Ако во рок од седум месеци мигрантот бара доброволно да ја напушти територијата на Швајцарија, парите ќе му бидат вратени. Инаку средствата одат за компензирање на трошоците на државата, кои се јавуваат при пристигнувањето на овие лица во земјата.
Покрај тоа добиваат статус на бегалец и работа во Швајцарија па мора да плаќаат 10% од платата во државната каса, додека не вратат 15 000 франци, потрошени од земјата за нивно прифаќање. Оваа такса ќе биде наплаќана за период не подолг од 10 години.
Претходно во Данска беше предложен закон, според кој мигрантите кои при пристигнувањето имаат сума поголема од 10 000 круни, може да остават за себе само 10 000. Во претходната верзија на документот се зборуваше за заплена на злато и други скапоцености на мигрантите. Потоа данските власти одлучија да не им ги одземаат венчални прстените, часовници и други предмети, кои претставуваат сентиментална или битна вредност. Заедно со тоа, по критика од Агенцијата на ОН за бегалци, Данска го зголеми износот што бегалците можат да задржат за себе.
Миграциската политика на властите на Швајцарија и Данска предизвика остра негативна реакција од страна на активистите и обединенувањата на мигрантите од земјите на Блискиот Исток, Централна Азија и Северна Африка. Голем број на организации, вклучувајќи ја и Комисијата на ОН за бегалци, го осудија раководството на овие земји поради тоа што слични строги правила во однос на мигрантите ја комплицира постапката за добивање на бегалски статус и на тој начин го одложуваат моментот на собирањето на семејствата.
Во исто време отворената имиграциска политика на германската канцеларка Ангела Меркел, исто така наидува на противници. По инцидентот со нападите на странци над жени во Келн за новогодишната ноќ има нов бран од критики кон германската канцеларка во „СРГ“.
Во 2015 година земјите на ЕУ и на прво место Германија се судрија со невиден прилив на бегалци од Сирија и други блискоисточни земји - повеќе од еден милион луѓе побараа засолниште во федералната република.
