Швајцарците на референдум, бараат забрана за продажба на златните резерви
Швајцарија ќе треба да распише референдум за прашањето дали да и се забрани на централната банка да ги продаде златните резерви и да биде принудена да задржи најмалку 20% од своите средства во благородни метали, соопшти весникот „MISH'S Global Economic Trend Analysis“.
Според швајцарскиот закон, граѓаните можат да ја достават за гласање секоја иницијатива која собрала над 100 000 потписи. Кампањата на конзервативната Швајцарска народна партија "Спасете го нашето швајцарско злато" собра 106 502 потписи, што значи и дека ќе има гласање.
Ако Швајцарците гласаат во корист на кампањата, централната банка на земјата ќе треба да ги прибере златните резерви што се чуваат надвор Швајцарија и да ги задржи дома.
Владите во дел од еврозоната имаат тенденција да држат голем дел од резервите во злато. Италијанската централна банка чува 2 451 тони, или над 70% од вкупните резерви, додека во Португалија процентот достигнува 90, макар шт станува збор за само 383 тони. Во моментов во Кипар се размислува дали да се продаваат златните резерви за да се намалат долговите.
Иницијаторите на кампањата во Швајцарија, меѓутоа, категорично ја отфрлаат идејата за продажба на скапоцениот метал. Тие инсистираат дека златните резерви на централната банка, кои во крајот на февруари имаа вредност од 49,5 милијарди швајцарски франци, или 10% од вкупниот биланс, се најдобар начин за зачувување на нивната вредност.
Се разбира, од финансиските институции се противат на идејата и ќе го дадат својот одговор, како што велат „навремено".
Слично
