Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарија го заострува системот за давање азил

Швајцарија го заострува системот за давање азил

Се воведува нов систем за спречување на злоупотребите при поднесување барање за азил во Швајцарија, информираа имиграциските власти.

Со новиот инструмент се дозволува да бидат споредувани отпечатоци од прсти на кандидатите со тие во централната база на податоци, а исто така на овој начин се дозволува побрзо откривање на кандидатите кои бараат азил во Швајцарија, а веќе имаат шенген виза во некоја друга земја.

Системот, кој е воведен уште на 12 декември минатата година, досега овозможил да бидат откриени 87 такви случаи. Швајцарија е една од омилените дестинации за барателите на азил. Само во 2012 година биле поднесени 28.631 барање за азил во земјата, за 27 % повеќе  од претходната година.

Слично

Поврзани вести