Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарско село се евакуира, сите жители се префрлаат во соседните населени места

Швајцарско село се евакуира, сите жители се префрлаат во соседните населени места

Мештаните на едно швајцарско село добија наредба од локалните власти веднаш да ги напуштат домовите. Огромни блокови од карпи од планината над нив ќе се урнат и ќе паднат во долината во следните неколку дена. Наредбата за евакуација не го изненади населението од околу 70 селани затоа што селото Бриенц веќе некое време се смета за геолошки ризично подрачје.

На повеќето жители им е понудено сместување во соседните села, каде што е одморалиштето Ленцерхајде, кое има многу простор затоа што заврши скијачката сезона, а летото сè уште не започнало.

Многумина се прашуваат зошто едно швајцарско село би доживеало ваква судбина, каде што градежните прописи се строги. Но, швајцарските алпски региони се особено ранливи на глобалното затоплување. Како што глечерите се намалуваат и вечниот мраз високо во планините почнува да се топи, карпите стануваат сè понестабилни.

Обилните врнежи, поврзани со глобалното затоплување, поттикнуваат ерозија и лизгање на земјиштето, а токму тоа е сценариото што се одигра во Бриенц.

Живописното село е сместено на кос терен што се спушта до блага долина. Иако експертите неодамна најавија дека опасното свлечиште се смирува, движењето на карпите неочекувано се забрза. Селаните веќе се приспособени на присуството на големи камења кои паѓаат во нивните градини, но никој не можел да предвиди дека ќе мора да се евакуираат.  Отсега нема да смее да влезе никој што не живее во Бриенц.

Слично

Поврзани вести