Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарските банки исплатиле 1,24 милијарди долари на жртвите од холокаустот

Швајцарските банки исплатиле 1,24 милијарди долари на жртвите од холокаустот

Американскиот судија Едвард Корман го објави првиот привремен биланс од историскиот договор што во 1998 година го потпишаа швајцарските банки и Светскиот еврејски конгрес, а кој се однесува на поврат на еврејскиот имот без наследници, објави еврејскиот весник „Таклес".

Според извештајот, на преживеаните жртви од холокаустот, од кои некои имале сметки во Швајцарија, им се поделени 1,24 милијарди долари.

Швајцарските банки, обвинети дека со децении ги чувале еврејските сметки без наследници, во 1998 година исплатиле вкупно 1,25 милијарди долари на судот за решавање на тие барања во Цирих, кои судијата ги вложи во американски државни обврзници.

Според извештајот, пари добиле речиси 450.000 преживеани жртви на холокаустот и нивни наследници. Речиси 199.000 поранешни присилни работници на нацистичка Германија добиле 288 милиони долари, а 4.100 еврејски бегалци кои биле протерани од Швајцарија за време на Втората светска војна добиле 11,6 милиони.

Судијата овозможи исплата на 205 милиони долари за 236.000 жртви на нацистите кои живеат во голема сиромаштија, воглавно во поранешниот Советски сојуз.

Износот од 800 милиони беше предвиден за сопствениците на банкарски сметки или нивните наследници. Од нив поделени се само 726 милиони. Станува збор за 2900 исплати за 4600 сметки без наследници.

Судијата, исто така, во 2006 година одобрил исплата на пари за 12.300 барања, кои биле „веројатни, но недокументирани". Семејствата добиле паушален износ од 5.000 долари.

Покрај тоа, во 2010 година исплатен е и додатокот од 45 отсто на оние кои веќе нешто добиле, бидејќи останале уште пари.

Слично

Поврзани вести