Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарскиот франк за инвеститорите е сигурно прибежиште – Но, до кога?!

Швајцарскиот франк за инвеститорите е сигурно прибежиште – Но, до кога?!

Аналитичарите на француската банка „Societe Generale“ предупредуваат дека швајцарскиот франк, кој на инвеститорите им пружаше сигурно прибежиште од ескалација на должничката криза во еврозоната, може да стане валута што наскоро нема да дава никаква сигурност.

Тие прогнозираат дека курсот на швајцарскиот франк до средината на наредната година би можел да ослабне речиси 10 отсто во однос на еврото, со оглед дека системските ризици поврзани за еврозоната се се' помали. Моментно со еврото се тргува по курс од 1,229 швајцарски франци. „Системскиот ризик во еврозоната попушти, а натамошниот напредок ќе биде направен со фаќањето во костец со прашањата за солвентност на државите на еврозоната, па швајцарскиот франк би требало да ја загуби својата привлечност како алтернативно инвестирање“, навредува „Societe Generale“. Меѓутоа, постои ризик до тоа да не дојде, во случај Швајцарската народна банка наредната години евентуално да ги зголеми каматните стапки со цел да го неутрализира растот на цените на недвижностите во државата, што би можело да го ограничи падот на швајцарската валута, напоменуваат во банката. Швајцарија бележи раст на цените на недвижностите од почетокот на глобалната финансиска криза 2008 година, поттикнат од исклучиво ниските каматни стапки. Од „Societe Generale“ очекуваат побарувачката за швајцарскиот франк да остане непроменета во наредните 12 месеци.

Слично

Поврзани вести