Швајцарска тајна која скапо чини
Швајцарија ја комплетираше програмата за исплата на стотини милиони евра на Британија и Австрија во име на договор за решавање на проблеми од даночно затајување во минатото.
Швајцарските даночни власти наведуваат дека на Лондон му се исплатени вкупно 593 милиони евра, а на Виена ќе и бидат исплатени во рамки на едногодишниот програм, пренесува агенцијата Франс прес.
Откако финансиската криза поради која Швајцарија се најде под притисок да ги укине законите за тајното банкарско работење, оваа земја се согласи на отстапки во одредени области за да го сочува принципот на приватност.
Во рамки на билатералните спогодби со Британија и Австрија, Швајцарија понудила две опции на луѓето кои во своите матични земји не ги пријавувале парите сместени во швајцарските банки.
Тие добиле шанса спорните средства да ги пријават на даночните служби во татковината или нивните сметки да се оданочуваат во Швајцарија, која така добиените средства би ги префрлала на матичните земји на штедачите, без именување на банките клиенти.
Швајцарија, во име на друга опција во транши ги исплатувала средствата во Лондон и Виена од јули до август оваа година. За слична спогодба Швајцарија преговарала и со Берлин, но германските законодавци го отфрлиле овој предлог.
