Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарија забрани прелет на американски авиони

Швајцарија забрани прелет на американски авиони

Швајцарските власти го отфрлија барањето на Соединетите Американски Држави за два извидувачки авиони да прелетуваат над нивната територија, пвикувајќи се на политика на неутралност во контекст на тековниот воен конфликт меѓу Соединетите Американски Држави и Иран.

Одлуката ја објави швајцарската влада, наведувајќи дека принципот на неутралност постојано се применува на сите страни вклучени во конфликтот. Како што е наведено во официјалното соопштение на Федералниот совет, од 28 февруари на Блискиот Исток се водат интензивни борби, во кои учествуваат Соединетите Американски Држави, Израел и Иран.

„Принципот на неутралност важи за овие држави“, се вели во соопштението на властите во Берн.

Според достапните информации, летовите на американските извидувачки авиони беа планирани за 15 март, но Швајцарија ги отфрли обете барања кои беа директно поврзани со воените операции против Иран.

Во исто време, швајцарските власти одобрија одредени други летови. Како што е наведено во владиното соопштение, беше дозволен еден технички лет, како и два прелета на транспортни авиони кои не беа директно поврзани со борбени операции.


Слично

Поврзани вести