Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарија со референдум им даде повеќе права на имигрантите: Кој ќе добива полесно државјанство?

Швајцарија со референдум им даде повеќе права на имигрантите: Кој ќе добива полесно државјанство?

Гласачите во Швајцарија го одобрија предлогот за поедноставени правила за добивање на државјанство за третата генерација имигранти. Резултатите од успешниот референдум се смета како пораз над десните националисти, кои покренаа загриженост за давање на пасоши на повеќе муслимани.

Според информација на државната телевизија RTS, со поддржаните промени граѓаните ги исполниле и двата критериуми потребни за законската тежина на јавната анкета. 

Швајцарската влада го поддржува предлогот, што ќе им овозможи на внуците на имигрантите да пропуштаат неколку чекори во долгиот процес на добивање на швајцарски пасош. Таквата постапка не и се допадна на десничарската националистичка Швајцарска народна партија (SVP), која ги постави прашањата на исламот и националниот идентитет во центарот на дебатата. 

Членовите на партијата се срамат од ризиците повеќе муслимани да добиваат државјанство, што може да доведе до „загуба на швајцарските вредности“. 

Според податоци на Министерството за внатрешни работи помалку од 25 000 луѓе во близу 8-милионската земја се квалификуваат како имигранти од третата генерација. 

Повеќето од нив се Италијанци, следени по бројност од Турци и граѓани од Балканот. 

Сепак од Швајцарската народна партија ги повикуваа граѓаните да гласаат со „не“ на референдумот, врз основа на тоа дека во следните години имигрантите од третата генерација нема да се со европско потекло.

Слично

Поврзани вести