Економија, финансии, бизнис

Контакт

Швајцарија прва на листата по квалитет на човечки ресурси

Швајцарија прва на листата по квалитет на човечки ресурси

Светскиот економски форум, спроведе истражување во 122 земји во светот, кое  покажува дека најквалитетни човечки ресурси има Швајцарија.

Втора на листата е Финска, додека на третата позиција е Сингапур. Холандија е четврта, а следат Шведска и Германија. На последно место на листата е Јемен, наведува швајцарскиот весник 24 часа.

Меѓу првите десет земји на листата, најголем дел се од Северна Европа, а надвор од Европа се Сингапур и Канада.

Според  ВЕФ  Индексот на човечки ресурси го мери капацитетот на државите да развијат и користат здрави, квалификувани и компетентни човечки ресурси. Јапонија се наоѓа на 15 место, САД на 16, Франција на 21, а Кина на 43 позиција. Русија е 41, Бразил 57, Индија 78, а Јужна Африка на 86 место.

Слично

Поврзани вести