Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШВАЈЦАРИЈА: Приведени двајца поврзани со нападот во Виена

ШВАЈЦАРИЈА: Приведени двајца поврзани со нападот во Виена

За терористичкиот напад во Виена има уапсени во Швајцарија. 

Две лица се уапсени во местото Винтертур, Швајцарија, во врска со терористичкиот напад во Виена. Станува збор за 18-годишник и 24-годишник.Се уште не се знае каква врска имале со напаѓачите.

Четири лица и напаѓачот загинаа во терористичкиот напад синоќа во Виена.

„Уште една жртва им подлегна на повредите по терористичкиот напад во Виена, па бројот на загинатите се искачи на четири, не сметајќи го еден од напаѓачите, кој беше убиен од полицијата“, изјави австрискиот министер за внатрешни работи Карл Нехамер за агенцијата АПА.

Четвртата жртва е жена на возраст од 40 до 50 години, која починала во виенска болница. 22 луѓе се повредени.

Полицијата синоќа го уби напаѓачот. Тој бил симпатизер на „Исламската држава“. 

Станува збор за 20-годишен млад човек со албанско потекло од родители кои дошле од Македонија. Тој бил роден и израснат во Виена и им бил познат на разузнавачките служби.

Слично

Поврзани вести